ОТКАКО ДОЖДОТ ЈА РАЗОРИ, ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ДЕБАРСКА“ ВО БИТОЛА, ОД ОПШТИНАТА ВЕЛАТ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ПОЧНАЛЕ СО ПОДГОТОВКА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

    ОТКАКО ДОЖДОТ ЈА РАЗОРИ, ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ДЕБАРСКА“ ВО БИТОЛА, ОД ОПШТИНАТА ВЕЛАТ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ПОЧНАЛЕ СО ПОДГОТОВКА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТАЌе се реконструира околу еден километар од улицата, што ќе чини над 606.000 евра (Фото: СДК.МК)

    Откако дождот синоќа ја разори улицата Дебарска, оддалечена пет минути пешки од строгиот центар на Битола, од Општината денеска започнаа со реконструкцијата на оштетената делница.

    Во денешното соопштение од локалната власт се вели дека по 30 години негрижа, оваа локална самоуправа создала комплетни услови за почеток на реконструкцијата. Посочуваат дека уште пред две години започнале со подготовка на документацијата, а сега и со реализација на проектот за комплетна реконструкција на инфраструктуратата, согласно Програмата за развојни планови и склучениот договор со Министерството за транспорт. Улицата се прави со пари од унгарскиот кредит од вториот владин повик.

    Силниот дожд синоќа откорна цели парчиња асфалт на „Дебарска“ долги и широки по еден метар, оставајќи на коловозот огромни дупки.

    Улицата Дебарска снимена пред една недела, пред дополнително да ја уништи дождот (Фото: СДК.МК)

    По 30-ина проблематични години со оваа улица, оваа администрација изработи проект за улицата, обезбеди средства за реализација, склучи договори со изведувачи и ќе биде комплетно направена“, соопштија од Општината.

    Ќе се реконструира околу еден километар од улицата, што ќе чини 37,2 милиони денари или над 606.000 евра, со промена на мешовитата канализација, водоводната линија и на коловозот.

    За улицата добија критики од незвисната граѓанска иницијатива „Поинаку“, која објави:

    Со трибини и концерти во Офицерски, град не се гради! Резултатот на одделувањето милионски суми за културата е ова! Резултатот на ‘клај 3 сантими место 15, ти е гајле, наш е надзоро’, е ова! Резултатот на ‘не можиме да ги тераме да чистат шахти, од партија ни се’, е ова“.

    Од Општината одговорија дека за инфраструктурни проекти за 2026 година издвоиле над 900.000.000 денари, додека за култура се издвојуваат нешто под 40.000.000 денари, односно 22 пати помалку или вкупно 1,9 % од буџетот на Општина Битола за оваа година.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира