ОТКОРНАТА И ЗАПАЛЕНА ЗАБЕТОНИРАНА МАСА ОД ЛЕТНИКОВЕЦ ВО СКОПСКО НОВО ЛИСИЧЕ

    ОТКОРНАТА И ЗАПАЛЕНА ЗАБЕТОНИРАНА МАСА ОД ЛЕТНИКОВЕЦ ВО СКОПСКО НОВО ЛИСИЧЕНиз Скопје постојано се уништува урбана опрема, но никој не е казнет. (Фото: Р.Вујовиќ)

    Во паркот во скопско Ново Лисиче кај последната станица на автобуската линија 5, уништен е еден од новите летниковци. Синоќа, дрвената маса поставена во летниковецот е откорната и потоа запалена во паркот.

    „Вложиле голем напор да откорнат забетонирана маса од летниковец, но тоа не било доволно, па ја запалиле заедно со пластична канта за ѓубре“, велат жители на Ново Лисиче и бараат инспекторите од Град Скопје да бидат поефикасни во казнување на несовесните граѓани.

    Ова не е првпат низ Скопје да се палат летниковци. Лани беше запален штотуку поставен летниковец во парк шумата Гази Баба. Постојано низ скопските улици се палат и контејнери, но досега никој не е казнет.

    Од Град Скопје велат Министерството за внатрешни работи треба да казнува и да ги фати сторителите.

    Лани есента Град Скопје и скопските општини формираа заедничка инспекциска служба и како што рече тогаш градоначалникот Петре Шилегов целта е поефикасна работа и казнување на прекршителите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира