Од силниот ветер кој вечерва го зафати Скопје откорнати се покриви на згради на повеќе локации низ градот. Исто така паднати се и дрвја на повеќе локации.
Булеварот Партизански одреди во Карпош 4 е блокиран од покриви кои се откорнати од околните згради.
Градоначалниците на Град Скопје и Општина Карпош Петре Шилегов и Стефан Богоев на своите фејсбук профили напишаа дека екипи се веќе на терен и работат на расчистување на штетите и справување со невремето.
„Секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти“, напиша градоначалникот Шилегов на својот фејсбук профил.
Според најавите од Хидрометеоролошкиот завод ветерот ќе достигне брзина од 70 километри на час.
А. АНТЕВСКА