ОТВОРЕН ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ДЕКА РАКОВОДСТВОТО НА ТРГОВСКИОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ИМА КАФУЛЕ

    ОТВОРЕН ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ДЕКА РАКОВОДСТВОТО НА ТРГОВСКИОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ИМА КАФУЛЕНа просторот од 1.800 квадратни метри засадени се 29 висококвалитетни дрвја и 3.656 разни видови садници. Изведени се фонтани и базени, шаховско поле, мини амфитеатар и поставена е урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди. (Фото: К. Попов)

    Зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) од денеска е отворен за посетители. Град Скопје заедно со УНДП и ГТЦ заврши со уредување со зеленило на просторот од 1.800 квадратни метри. Засадени се 29 висококвалитетни дрвја и 3.656 разни видови садници. Изведени се фонтани и базени, шаховско поле, мини амфитеатар и поставена е урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди. Низ целото зеленило поставен е систем за наводнување на садниците во нивниот корен.

    „Го враќаме зеленилото во Малиот ринг, кое во лудилото на Скопје 2014 беше уништено. Обврската за одржување сега преминува кон ГТЦ, но нема да оставиме комоција на ГТЦ да не го одржува овој зелен простор. Моето мислење е дека можеме да имаме некаква услужна дејност на самиот покрив, која ќе овозможи задоволство повеќе на граѓаните. Но, да оставиме граѓаните таа работа да го одлучат. Управувањето со нов евентуален деловен простор е работа на ГТЦ. Ако раководството на ГТЦ одлучи да постави таков тип на дополнителна вредност на овој покрив тоа ќе биде нивна проблематика во рамките на нивно деловно работење. Важно е што е во Малиот ринг добивме прекрасна зелена оаза во која граѓаните ќе можат да го поминуваат слободното време“, рече градоначалникот Шилегов на отворањето на зелениот покрив.

    Постојаниот претставник на УНДП Нарин Сахакијан рече дека иницијативата за изведбата на зелениот покрив не била само да се креира нов зелен простор во центарот на градот, туку да се влијае на намалување на температурата на овој простор.

    „ГТЦ е еден од најтоплите точки во градот, разликата со температурата на Плоштадот е девет степени. Се надеваме дека овој проект ќе го повториме и на други јавни згради во централното градско подрачје“, кажа Сахакијан.

    Зелениот покрив на ГТЦ почна да се прави на 19 февруари годинава. Изведбата чини 550.000 евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира