ОТВОРЕНА НОВА ГРАДИНКА ВО ВЕЛЕШКОТО СЕЛО КАРАСЛАРИ

    ОТВОРЕНА НОВА ГРАДИНКА ВО ВЕЛЕШКОТО СЕЛО КАРАСЛАРИВо клонот на градинката во Каласлари се згрижени 20-тина деца, а има капацитет за 40 (Фото: СДК.МК)

    Отворен е клон на градинката во велешкото село Караслари каде се згрижени 20-тина деца, а има капацитет за 40. Проектот е започнат во 2016 година, објектот е во сопственост на Општина Велес, а реконструиран и адаптиран со пари од Министерството за труд и социјална политика.

    „Досега се отворени 11 градинки во рурални средини, а до крајот на годината ќе се отворат уште 11. Секаде во Европа се инвестира во предучилишно образование, бидејќи е докажано дека тие деца имаат поголем успех во основното, средно и високо образование. Освен тоа се зголемува и продуктивноста на населението ако децата им се згрижени уште во рани години“, рече денес министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

    Министерката најави дека до крајот на годината ќе бидат отворени и две нови градинки во два града во земјава. Потсети дека самохраните родители се ослободени од плаќање на месечен надомест за згрижување на децата.

    Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски кажа дека Караслари, за разлика од другите села во општината не изумира и има потенцијал за зголемување на бројот на жителите.

    Директорката на градинките во Велес, Бранислава Нацева кажа дека ова е деветти клон на градинката, трет во рурална средина по двата во Градско и Чашка. Најави дека се во преговори со раководството на фабриката ,„Маркард“, мајките кои работат таму, да ги згрижуваат децата во тој клон.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира