ОТВОРЕНА ШАХТА ЗА КРШЕЊЕ ГЛАВА КАЈ АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ, „ВОДОВОД“ 2 НЕДЕЛИ ИСПИТУВА

    ОТВОРЕНА ШАХТА ЗА КРШЕЊЕ ГЛАВА КАЈ АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ, „ВОДОВОД“ 2 НЕДЕЛИ ИСПИТУВАОтворената шахта е на тротоарот што се користи како паркинг и токму преку шахтата минува белата линија со која е обележано паркинг местото. Нема никакво обележје дека на тротоарот има опасна дупка, а навечер овој дел од улицата и не е осветлен (Фото: СДК.МК)

    Шахта без капак зјае повеќе од две недели на тротоарот на улица 8 Март во Центар, пред Агенцијата за филм. Тротоарот се користи како паркинг и токму преку шахтата минува белата линија со која е обележано паркинг местото, но капакот го нема. Нема никакво обележје дека на тротоарот има опасна дупка, а навечер овој дел од улицата и не е осветлен.

    „Паркирав на тротоарот, но не ја забележав отворената шахта. Кога отворив врата да излезам ногата ми пропадна, одвај успеав да се задржам полупропадната во дупката. Кога излегов забележав дека со тркалото за сантиметар не сум ја погодила шахтата, но затоа пропаднав во неа со нога“, се пожали скопјанка што заглавила во шахтата минатата недела.

    (Фото. СДК.МК)

    Таа вели дека втора недела шахтата зјае, никој не ја покрива ниту обележува дека на тротоарот има опасност некој да си скрши глава, а во Агенцијата за филм секојдневно има снимања па на улицата се бара паркинг место повеќе.

    Од Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ кои наплаќаат за паркирање покрај дупката, велат дека пријавиле во ЈП„Водовод и канализација“ дека има отворена шахта и побарале да се постави нов капак.

    Од „Водовод“ најавија дека ќе излезат на терен да утврдат за што се работи и ќе ја покријат отворената шахта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира