ЗА ДВА ДЕНА ПОЧИНАА 10 БИТОЛЧАНИ ОД КОВИД-19, САМО ОВОЈ МЕСЕЦ УМРЕА ПОЛОВИНАТА ОД СИТЕ ПОЧИНАТИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА КРИЗАТА

    ЗА ДВА ДЕНА ПОЧИНАА 10 БИТОЛЧАНИ ОД КОВИД-19, САМО ОВОЈ МЕСЕЦ УМРЕА ПОЛОВИНАТА ОД СИТЕ ПОЧИНАТИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА КРИЗАТАБитола за 13 дена имаше 26 починати од коронавирус, а од почетокот на пандемијата досега од оваа болест има 47 умрени. (Фото: СДК.МК)

    Повеќе од половина од вкупниот број битолчани кои ја загубија битката со ковид-19 починаа овој месец. Битола за 13 дена имаше 26 починати од коронавирус, а од почетокот на пандемијата досега од оваа болест има 47 умрени. Само во последните два дена починаа 10 болни.

    Најмладиот пациент од сите умрени овој месец беше на 44 години, а од 26-те мина 19 се постари од 70 години. Дневно овој месец се случуваше да има и по седум-осум погреби на починати од ковид-19 и од други причини.

    Сепак, иако расте бројот на умрени од ковид-19, Битола е на шестото место во државата по починати од оваа болест. Пред неа се и Скопје, Куманово, Прилеп, Струга и Гостивар.

    Бројот на починати од ковид-19 до денес во Битола во споредба со вкупно починатите од 2019 од различни болести изнесува 4 проценти. Според Државниот завод за статистика, лани починале 1.170 битолчани од различни коморбидитети.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира