ПАЈАКОТ КРЕВА КОЛИ ПАРКИРАНИ ПОД МОСТОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

    ПАЈАКОТ КРЕВА КОЛИ ПАРКИРАНИ ПОД МОСТОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВПросторот под мостот со години е претворен во паркинг простор особено по отворањето на зградите на кејот на Македонскиот народен театар, Музејот на ВМРО и на ЈП „Водовод и канализација“. (Фото: Општина Центар)

    Пајак службите на Град Скопје и Општина Центар денеска ги креваа колите паркирани под мостот Гоце Делчев.

    Просторот под мостот со години е претворен во паркинг простор особено по отворањето на зградите на кејот на Македонскиот народен театар, Музејот на ВМРО и на ЈП „Водовод и канализација“. За да не плаќаат паркинг граѓаните и вработени во институциите возилата ги паркираат на пешачките патеките под мостот.

    „Граѓаните реагираа на непрописно паркирани возила под мостот Гоце Делчев. Хаосот денеска се расчистуваше со пајак возила на ЈП’Градски паркинг‘ и ЈП’Паркиралишта на Општина Центар‘. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места“, велат од Општина Центар.

    Во декември лани од оваа локација во Вардар падна колата на актерката Весна Петрушевска, која неколку часа екипите од Бригадата за противпожарна заштита ја вадеа од Вардар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира