ПАК ГОРИ ДЕПОНИЈАТА КАЈ САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ВО СКОПЈЕ

    ПАК ГОРИ ДЕПОНИЈАТА КАЈ САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ВО СКОПЈЕПожарникарите од Скопската бригада ни рекоа дека пожарот не може да се изгаси лесно оти има голема количина шут и отпад и потребна им е и градежна механизација. (Фото: СДК.МК)

    Повторно гори депонијата зад кејот на реката Вардар Скопје, во близина на салата „Борис Трајковски“. Гори шут и отпад, а зафатено е и зеленилото и дрвјата наоколу.

    Пожарникарите од Скопската бригада ни рекоа дека пожарот не може да се изгаси лесно оти има голема количина шут и отпад и потребна им е и градежна механизација.

    Непријатна миризба се чувствува низ цела Општина Карпош.

    Депонијата кај салата „Борис Трајковски“ беше запалена во април 2019, а од март годинава почнаа градежните работи за изградба на парк на на површина од 60.000 метри квадратни. Покрај зеленило и дрвја, ќе биде изведена и ботаничка градина, како и содржини за спорт и рекреација.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира