„ПАРКИНЗИ ОПШТИНА ЦЕНТАР“ КУПИ МАШИНА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПАРКИНЗИТЕ И УЛИЦИТЕ СО ЗОНСКО

    „ПАРКИНЗИ ОПШТИНА ЦЕНТАР“ КУПИ МАШИНА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПАРКИНЗИТЕ И УЛИЦИТЕ СО ЗОНСКОПокрај за ѓубре, машината може да се користи и за чистење на снег од тротоарите и скверовите.(Фото: ПОЦ)

    Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) од денеска машински ќе го чисти ѓубрето на затворените паркиралишта и улиците со зонско паркирање. Досега ѓубрето се чистеше само рачно, односно го метеа и собира комуналите работници. Покрај за ѓубре, машината може да се користи и за чистење на снег од тротоарите и скверовите.

    Машината за чистење чини 38.000 евра, а од Општина Центар најавија дека годинава ќе бидат купени уште неколку машини за одржување на хигиената низ општината.

    „За првпат на овој начин ќе ги чистиме нашите паркиралишта. Иако досега со помош на Општината успешно ја одржувавме чистотата, со набавката на оваа машина поефикасно ќе се извршува работата во делот на одржување на хигиената и чистотата на паркиралишта, како и целокупната чистота на Центар. Оваа машина тоа го овозможува и мислам дека граѓаните ќе бидат задоволни и ќе ја забележат разликата којашто ќе биде очигледна“, изјави директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира