ПАРКИРАЊЕТО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ ПОСКАПИ 50 ОТСТО

    ПАРКИРАЊЕТО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ ПОСКАПИ 50 ОТСТОПокрај поскапување на цената на паркирање во одредени делови се воведе резиденцијално паркирање, односно ќе можат да се паркираат само жителите од околните згради.-Паркирани возила на улицата Никола Кљусев, близу Плоштад Македонија (Фото:СДК.МК)

    Паркирањето во центарот на Скопје ќе поскапи 50 отсто, најави денеска градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

    Оваа мерка новиот градоначалник ја воведува со цел да се намали хаосот со паркирани возила и да се стимулираат граѓаните да го користат автобускиот превоз.

    „Покрај поскапување на цената на паркирање во одредени делови ќе воведеме резиденцијално паркирање, односно таму ќе можат да се паркираат само жителите од околните згради. На сметка на тоа ќе отвориме нови паркинзи кај поранешна ‘Нова Македонија‘ и во Дебар маало а ќе бараме да го преземеме паркингот кај хотелот ‘Холидеј ин‘ со кој сега стопанисува Акционерското друштво за станбен и деловен простор“, вели градоначалникот Богдановиќ.

    Тој рече дека ова е една од мерките на Општината за намалување на проблемот со загадувањето.

    Паркирањето на паркинзите со кои стопанисува ЈП„Паркинзи Општина Центар“ сега е 40 денари во прва зона, 30 денари во втора зона, а 100 денари во строгиот центар на градот.во улиците околу плоштадот Македонија.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира