ПАЗАРОТ ВО ШТИП ВО ПЕТОК НЕМА ДА РАБОТИ, ОТКАЖАНО И ИСКАЧУВАЊЕТО НА ИСАР

    ПАЗАРОТ ВО ШТИП ВО ПЕТОК НЕМА ДА РАБОТИ, ОТКАЖАНО И ИСКАЧУВАЊЕТО НА ИСАРПоради состојба со коронавирусот и заради спречување на масовни собири на граѓаните, општинските власти преку Кризниот штаб во Штип одлучија со полиција да се спречи масовното искачување на Исароt.(Фото: СДК.МК)

    Откажано е годинешното масовно искачување на тврдината Исар кое требаше да се одржи в недела. Како што кажа градоначалникот Благој Бочварски в петок кога е пазарен ден во Штип, нема да работи ниту пазарот, со цел да нема поголемо собирање на граѓаните.

    Поради состојба со коронавирусот и заради спречување на масовни собири на граѓаните, општинските власти преку Кризниот штаб во Штип одлучија со полиција да се спречи масовното искачување на Исарот, каде обичај е секој што ќе се искачи на врвот да направи 40 ракувања и да фрли 40 каменчиња од тврдината.

    „Дадовме налог да има патроли на полицијата и редарските служби кои ќе го спречуваат искачувањето на Исарот. Полицијата исто така ќе врши контроли за влез во градот на сите возила со странски регистрации. В петок како традиционален пазарен ден, нема да работи и градскиот пазар со цел да нема масовност на граѓаните“, вели градоначалникот Благој Бочварски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ       

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира