ПЕДЕСЕТИНА ИЛЈАДИ ЖИТЕЛИ НА КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО ПИЈАТ ЖОЛТА ВОДА, ВЛАСТИТЕ ТВРДАТ ДЕКА Е ИСПРАВНА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЕДЕСЕТИНА ИЛЈАДИ ЖИТЕЛИ НА КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО ПИЈАТ ЖОЛТА ВОДА, ВЛАСТИТЕ ТВРДАТ ДЕКА Е ИСПРАВНА

    Педесетина илјади жители од Кавадарци, Неготино и Росоман и неколку села веќе неколку дена пијат вода со жолтеникава боја, многумина од нив стравувајќи за сопственото здравје. Од Центарот за јавно здравје во Кавадарци смируваат дека водата за пиење од регионалниот водовод Лукар, која се носи педесетина километри од под планината Кожуф е исправна за пиење.

    Раководителот Трајче Ризов, специјалист по хигиена, вели дека жолтеникавата боја е промена на водата која настапува поради врнежите од дожд и топењето на снеговите.
    „Всушност жолтеникавата боја е последица на контактот што водата од изворот ‘Лукар еден’ го остварува со водата од дождот и снегот, во должина од околу двеста метри на карпест предел. Но, станува збор само за органолептичка промена на водата поради директниот контакт со дождовницата и снеговицата, без заматување. Оттаму и вкусот на дожд и снег на водата, која сепак е исправна за пиење“, вели Ризов

    Тој не сакаше да навлегува во тоа како да се реши овој проблем, истакнувајќи дека негово е само да каже дека земените мостри покажуваат исправност на водата и присуство на резидуален хлор во неа. Но, кажа дека уште во 2000 година алармирал дека треба да се работи на решавање на овој проблем кој настанува при поројни дождови и топење на снег.

    Ризов е дециден дека пиењето на ваква вода нема штетни последици по здравјето на луѓето, освен што жолтеникавата боја делува непријатно за очи. Кажува дека му се јавувале луѓе да прашаат што со водата, но и од градинките за да се информираат како да постапуваат со децата. За најмладите поради нивната осетливост, препорачувал да пијат флаширана вода.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира