ПЕНДАРОВСКИ ПОСАДИ ЈАПОНСКИ КЕДАР НА СТАРТОТ НА ПОШУМУВАЊЕТО ОКОЛУ ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ

    ПЕНДАРОВСКИ ПОСАДИ ЈАПОНСКИ КЕДАР НА СТАРТОТ НА ПОШУМУВАЊЕТО ОКОЛУ ЕЗЕРОТО МЛАДОСТЗа почеток беа посадени 30-ина садници, а големата акција ќе се случи на 9 ноември (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Стево Пендаровски засади садници јапонски кедар на опожарената површина околу велешкото езеро Младост. Беа засадени 30-ина садници кои ги обезбеди локалната власт додека големото пошумување ќе се случи на 9 ноември, Денот на Општина Велес. Денеска на терен беа и војската и вработени во ЈКП „Дервен“, кои ги сечеа изгорените дрвја.

    „Запрепастен сум од ова што го видов на самото место. Едно се новинарските извештаи, снимки кои ги гледаме дома, седејќи пред телевизорот. 4.509 уништени хектари за само едно пладне и попладне е многу. Јас како врховен командант на армијата дадов согласност да се користат и авионите, хеликоптерите и војската во гаснењето на огнот. Ве уверувам дека армиските ресурси беа употребувани до техничкиот максимум, не само во Велешко, туку и на сите пожари во земјава летоска“, изјави Пендаровски.

    Тој во Велес ја започна активноста која ја најави во изборната кампања, средби „лице во лице со претседателот“.

    „Место поранешната пракса граѓаните да доаѓаат и да се жалат на политичките авторитети, идејата е претседателот да дојде кај нив и да ги праша што им треба, кои им се проблемите, како да помогнеме. Разговаравме и за убавите примери, како за Светозар Богдановски, за кого јас не сум слушнал, а е светски мајстор за изработка на виолини“, рече Пендаровски.

    Тој најави вакви средби со граѓаните ќе има двапати месечно.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира