ПЕТМИНА ДОКТОРИ СЕ НА ЛИСТИТЕ ЗА СОВЕТНИЦИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

    ПЕТМИНА ДОКТОРИ СЕ НА ЛИСТИТЕ ЗА СОВЕТНИЦИ ВО ОПШТИНА БИТОЛАСите оние кои ќе станат советници можат покрај советничката, да ги обавуваат и обврските на работните места. (Фото: СДК.МК)

    Повеќемина познати битолски доктори се најдоа како кандидати за советници на листите што ги објавија политичките партии за претстојните локални избори. Најголемиот дел од нив докажани специјалисти во своите области. Само на листите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛДП и ДОМ има петмина истакнати доктори.

    Покрај тоа што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначаник во Битола е доктор, епидемиологот Тони Коњановски, уште двајца лекари специјалисти застануваат на листата со кандидати за советници на коалицијата „За обнова на Македонија“. Тоа се Ненси Лозначе, субспецијалист кардиолог која е втора на листата веднаш зад носителот, а по неа е и Михајло Вангелов специјалист гинеколог. Двајцата се вработени во Клиничка болница во Битола.

    Кај СДСМ со коалицијата носител на советничката листа е д-р Александар Димовски, специјалист по радиодијагностика и директор на дијагностичките гранки при Клиничка болница во Битола. Тој воедно е и магистер на економски науки и спортски доктор во фудбалскиот и ракометниот клуб „Пелистер“. На листата на владејачката партија е и гинекологот Маја Аврамовска, меѓутоа при крај на листата.

    Докторката специјализант Ана Талевска, која работи во Брзата помош во Битола, е кандидатка за советничка и од ЛДП и ДОМ.

    Сите оние кои ќе станат советници, можат покрај советничката да ги вршат и обврските на работните места.

    Ова секако не е првпат лекари специјалисти да учествуваат во креирањето на локалната политика и власт. Во претходниот состав на Советот партиципираше д-р Олга Лозановска, специјалист интернист, советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, актуелна пратеничка од истата партија. Битола во два наврати ја водеа и стоматолози како градоначалници, и тоа Златко Вршковски, докажан експерт во максилофацијалната хирургија, кадар на СДСМ, и Дејан Ростевски од ЛДП, специјалист по орална хирургија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира