ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ ЗЕМАЛ ЕКСТРА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОТИ ПИЈАНИ МЛАДИ ПОВРАЌААТ ВО ДВОРОВИТЕ НА ЦРКВИТЕ ВО ОХРИД

    ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ ЗЕМАЛ ЕКСТРА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОТИ ПИЈАНИ МЛАДИ ПОВРАЌААТ ВО ДВОРОВИТЕ НА ЦРКВИТЕ ВО ОХРИДМитрополитот Тимотеј на Дебарско-Кичевската епархија ангажирал дополнително обезбедување оти млади луѓе седат во дворовите на црквите, пијат алкохол, повраќаат и оставаат секаков отпад; - Црквата „Света Софија“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во вечерните часови пијани лица повраќаат во дворовите на  црквите „Света Софија” и „Свети Јован Канео”, вели митрополитот на Дебарско-Кичевската епархија Тимотеј. Поради тоа, од епархијата ангажирале дополнително обезбедување на црковниот имот.

    „Во текот на летово, моравме да обезбедиме дополнитело обезбедување за да ги заштитиме ‘Света Софија‘ од западната страна и црквата ‘Свети Јован Канео’. Неколку млади луѓе во вечерните часови, откако ќе се затворат кафеаните, овие свети места ги претворат во пивници. Тука се пијанчат, повраќаат, недолично се однесуваат кон црквите, оставаат секаков отпад“, вели Тимотеј.

    Поради пандемијата на ковид-19 и затворените граници, Охрид летово е полн со домашни туристи. Општина Охрид изјави дека несовесните туристи насекаде оставаат ѓубре и смет, па нивните комунални служби чистат по три пати на ден, но никако не можат да го доисчистат градот.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира