ПИНГВИНИТЕ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА КРСТЕНИ ПО ЛИКОВИТЕ ОД „ПИНГВИНИТЕ ОД МАДАГАСКАР“- СКИПЕР, ПРАЈВАТ И КОВАЛСКИ

    ПИНГВИНИТЕ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА КРСТЕНИ ПО ЛИКОВИТЕ ОД „ПИНГВИНИТЕ ОД МАДАГАСКАР“- СКИПЕР, ПРАЈВАТ И КОВАЛСКИСтанува збор за јужноамерикански хамболт пингвини, кои можат да живеат и на повисоки температури.(Фото:Зоо)

    Пингвините во скопската Зоолошка градина се крстени според ликовите од анимираниот филм „Пингвините од Мадагаскар“. Трите пингвини се машки и ги добија имињата Скипер, Прајват и Ковалски.

    Од Зоолошката градина велат дека голем број граѓани на нивната Фејсбук страница предлагале новите животни да ги носат овие имиња, па без размислување го прифатиле предлогот.

    „Кога ќе се комплетира целата екипа, пред нивното живеалиште ќе поставиме табличка со имињата  на сите пингвини, како и нивните лични карактеристики. Пингвините одлично се прилагодуваат во новото живеалиште и на нашите зоо негуватели. Уште првиот ден го пробаа базенот и уживаа“, велат од Зоолошката градина.

    Покрај трите пингвини кои стигнаа од Италија, во наредниот период Зоолошката ќе добие уште седум од Русија. Станува збор за јужноамерикански хамболт пингвини, кои можат да живеат и на повисоки температури.

    Пингвините ќе живеат во современо живеалиште направено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира