ПИПЕРКАТА-АЈВАРКА ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ЗА 30 ДЕНАРИ, ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ПО ПРОТЕСТИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД СТРУМИЦА

    ПИПЕРКАТА-АЈВАРКА ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ЗА 30 ДЕНАРИ, ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ПО ПРОТЕСТИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД СТРУМИЦАДоговор се постигна откако изминативе денови земјоделците протестираа, а министерот за земјоделство Борче Серафимовски имаше одделни средби со земјоделците, откупувачите и фабрикантите. (Фото: СДК.МК)

    Наместо за 25 денари, од утре на откупните пунктови во Струмица, пиперката-ајварка за конзервно-преработувачките капацитети ќе се откупува за 30 денари по килограм. Ваков договор се постигна откако изминативе 4 дена денови земјоделците протестираа, а министерот за земјоделство Борче Серафимовски имаше одделни средби со земјоделците, откупувачите и фабрикантите.

    „Од утре па натаму, црвените пиперки ќе се откупуваат за прва класа по цена од 40 денари, прва – втора или класата за индустриските капацитети за 30 денари, додека за втора класа цената ќе биде 15 денари. Апелирам и до откупувачите и земјоделците да имаат вистинска класификација на црвените пиперки на откупните пунктови, а не да се враќа производството. За да се избегне можната манипулација од утре ќе се засилат контролите на Државниот земјоделски инспекторат“,рече министерот Серафимовски.

    За временската рамка за исплата на пиперките, тој кажа дека треба да се носат законски измени. За субвенциите министерот рече дека издвоени се 1,2 милиони денари кои на првата владина седница ќе бидат наменети за сточарите и полјоделците за да се платат до крајот на август.

    Земјоделците од Струмичко изразија задоволство од зголемената цена. Сметаат дека со дијалог може да се најде заеднички јазик.

    „Може и повеќе, но и овие цени се реалност. Се надевам дека ќе се задржат истите до крајот на сезоната и дека на откупните пунктови нема да има манипулации во однос на класификацијата на квалитетот, оти самите откупувачи си прават сортирање на штета на земјоделецот“, кажа Илија Василев.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира