ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ЗА ПОДДРШКА НА БОЛНИТЕ ОД ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА

    ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ЗА ПОДДРШКА НА БОЛНИТЕ ОД ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈАМаршот годинава беше под мотото „Качи се на врв, земи здив – за живот“ (Фото: СДК.МК)

    Дваесетина планинари го искачија 1.434 метри високиот врв Кадиица на истоимената планина во регионот на Азот, за да дадат поддршка на болните од ретката болест пулмонална хипертензија. Планинари од Велес, Куманово, Битола и Пробиштип дадоа придонес да се слушнат и актуализираат проблемите на болните од оваа ретка болест. Маршот беше под мотото „Качи се на врв, земи здив – за живот“.

    Ја дадовме несебично нашата поддршка на лицата со пулмонална хипертензија и за подигнување на свеста кај населението дека на овие луѓе, освен поддршка, потребни им се и лекови“, вели Зоран Игновски од спортско-планинарското друштво „Зелен рај“, кое беше организатор на настанот.

    Овој марш годинава се одржа по петти пат.

    Во Македонија има 17 регистрирани пациенти, од кои три деца, со пулмонална хипертензија. Кај некои од нив болеста се третира како секундарна, односно како последица од друга болест и поради тоа не можеа да влезат на листата на ретки болести. Според Ѓурѓица Каева, претседател на Здружението на заболени од пулмонална хипертензија „Момент плус“, за неполни две години, во земјава починале тројца пациенти чекајќи ги неопходните лекови.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира