Град Скопје почна со реконструкција на планинарскиот дом на Водно. Во домот веќе е обезбедено водоснабдување, нов тоалет, поставени се клупи, маси, летниковец, изработен е детски парк и поставени се корпи за отпадоци. Во наредниот период комплетно ќе се реконструкција покривот, внатрешните простории и ќе се постави нова опрема.
„Градот Скопје на барање на планинарите одлучи да го уреди планинарскиот дом на врвот на Водно. Овој планинарски дом е викенд свратилиште за голем број рекреативци, планинари и спортисти, гордост на градот, но долго време беше оставен на грижата на извесен број ентузијасти од планинарскиот спортски клуб ‘Бистра‘ и други љубители на планинарењето кои се грижеа за одржувањето на овој објект и покрај ограничените услови за негово нормално функционирање“, рече денеска градоначалникот Шилегов при посетата на планинарскиот дом.
Од Град Скопје ги повикаа и државните институции и компаниите со општествена одговорност да се приклучат во реконструкцијата на домот, за да се овозможат подобри услови на рекреативците и граѓаните кои го посетуваат.
А. АНТЕВСКА