ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ЕДНА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА И КАНАЛИЗАЦИЈА, РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ЌЕ ТРАЕ ДО АПРИЛ

    ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ЕДНА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА И КАНАЛИЗАЦИЈА, РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ЌЕ ТРАЕ ДО АПРИЛНа потегот од клучката кај Бит пазат до касарната Илинден, улицата ќе се прошири за уште една коловозна лента, со што ќе има по две летни во двата правци.(Фото: К.Попов)

    Град Скопје денеска почна со градежни работи за реконстуркција на булеварот Никола Карев или пазнатата кај скопјани Пластичарска улица.

    На потегот од клучката кај Бит пазат до касарната Илинден, улицата ќе се прошири за уште една коловозна лента, со што ќе има по две летни во двата правци. На целиот потег ќе биде изведена атмосферска канализација која досега не постоеше. Од двете страни на булеварот ќе бидат изведени и велосипедска и пешачка патека.

    „Ова е прва фаза од реконструкцијата на оваа улица, во тек е проектирањето на втората фаза и очекувам напролет да ги продолжиме градежните работи од влезот во касарната Илинден до спојувањето со булеварот Словенија, заедно со големата клучка која планираме да ја направиме кај Тетовска трошарина. Оваа делница е една од најфрекфентните точки во сообраќајот и затоа го почнуваме овој зафат. Разговаравме со сопствениците на деловните објекти по должината на оваа улица за градежните работи да не го нарушат во голема мера нивното работење. Нашите очекувања се дека во април наредната година оваа делница ќе биде готова“, рече денеска градоначалникот Шилегов.

    Реконструкцијата на булеварот Никола Карев чини 2,1 милион евра.

    А. АНТЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари