ПО 600 ЛУЃЕ ГОДИШНО СЕ КАСНАТИ ОД КУЧЕ ВО СКОПЈЕ, ЛАНИ ЗА ОТШТЕТА ИСПЛАТЕНИ 400.000 ЕВРА, ГРАДОТ ОТСЕГА СПОГОДБЕНО ЌЕ ГИ РЕШАВА ТУЖБИТЕ

    ПО 600 ЛУЃЕ ГОДИШНО СЕ КАСНАТИ ОД КУЧЕ ВО СКОПЈЕ, ЛАНИ ЗА ОТШТЕТА ИСПЛАТЕНИ 400.000 ЕВРА, ГРАДОТ ОТСЕГА СПОГОДБЕНО ЌЕ ГИ РЕШАВА ТУЖБИТЕЛани за оштети на граѓани и судски трошоци  Градот исплатил околу 400.000 евра. (Фото: СДК.МК)

    Годишно во Скопје по 600 луѓе се каснати од улични кучиња. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во 2019 пријавени се 618 случаи, во 2020 бројот на каснати е 647, а лани 657. Од почетокот на годинава до 15 април, пријава за каснување од куче доставиле 157 граѓани.

    Оние кои се каснати од куче можат да го тужат Град Скопје и досега случаите се решаваа преку судски процеси. Лани за оштети на граѓани и судски трошоци Градот исплатил околу 400.000 евра. За да се намалат трошоците, сега Град Скопје нема предметите да ги решава по судски пат туку спогодбено со каснатите граѓани, а оштетата која ќе им се исплаќа нема да биде повисока од 100.000 денари.

    „Имајќи ја предвид висината на трошоците на кои е изложен Град Скопје во постапките пред надлежните судови, а со цел да се намалат трошоците кои се исплаќаат на адвокати, вештаци, извршители и други трошоци поврзани со постапките, се предлага Град Скопје да пристапи кон вонсудско спогодбено решавање на овие барања“, се вели во одлуката на Град Скопје која треба да се гласа на седницата на Советот на Град Скопје в среда.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира