ПО ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИИ КОМПЛЕТНО СЕ РЕНОВИРА ВНАТРЕШНОСТА НА БИТОЛСКАТА ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ-ТИТО“

    ПО ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИИ КОМПЛЕТНО СЕ РЕНОВИРА ВНАТРЕШНОСТА НА БИТОЛСКАТА ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ-ТИТО“Се врши замена на дрвената надворешна столарија, замена на електричната инсталација, спуштање на таваните и поставување на ново лед осветлување. (Фото: СДК.МК)

    По повеќе децении, за првпат комплетно се реновира внатрешноста на битолската гимназија „Јосип Броз-Тито“. Во тек се градежните работи на сите три ката во објектот кој е 139 години стар, а со образована традиција цели 129 години. Темелите на средношколскиот образовен систем на мајчин јазик биле удрени во ова училиште, на 6 февруари 1945, кога се одржал првиот наставен час на македонски јазик во средно училиште во земјава. Ова е единствено училиште кое дало  5 народни херои и 18 академици.

    Со зафатите ќе им се овозможи на учениците и наставниците нови и современи услови за изведување на наставнот процес.

    Со околу 170.000 евра, обезбедени од буџетот на Општина Битола, комплетно се врши замена на дрвената надворешна столарија, замена на електричната инсталација, спуштање на таваните и поставување на ново лед осветлување. Ѕидовите се обложуваат со нов малтер, се врши санација на подовите во училниците, а во ходниците се поставува нов под со плочки.

    Директорката на гимназијата Фанија Наумовска посочи дека ваков голем зафат во внатрешноста на училиштето не е направен повеќе децении, а додека траат зафатите наставата се изведува онлајн.

    Паралелно со реконструкцијата, набавени се и нови комјутери во вредност од 46.000 евра. Претходно, со средства од Општината беа набавени нови клупи и столчиња кои не беа заменети со децении.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА         

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира