ПОБЕЛЕ РЕКАТА ДРАГОР ВО БИТОЛА, ИНСПЕКЦИЈАТА ВО САБОТА НЕ ПРАВИ КОНТРОЛИ

    ПОБЕЛЕ РЕКАТА ДРАГОР ВО БИТОЛА, ИНСПЕКЦИЈАТА ВО САБОТА НЕ ПРАВИ КОНТРОЛИБитолчaни коментираат дека ова не е првпат реката да ја менува бојата, но никој не знае кој е изворот на загадувањето. - Реката Драгор денеска (Фото: СДК.МК)

    Побеле водата во реката Драгор во Битола. Низ речното корито во центарот на градот течe валкана белузлава вода која се пени како во неа да е истурен детергент. Битолчaни коментираат дека ова не е првпат реката да ја менува бојата, но никој не знае кој е изворот на загадувањето.

    „Сега и пајките што ги пуштија во Драгор да пливаат ќе се отрујат. Зарем во ваква вода се одгледува живина? Ова минува низ центарот на Битола и никој не мрда со прст. Не сака пајки, сака колектори, прeчистителни станици и поголема свест на граѓаните“, коментираат битолчани кои ги затекнавме околу речното корито.

    Од општинскиот инспекторат ни рекоа дека во сабота не се во можност да вршат контрола, па не упатија да пријавиме во полиција. Додаваат дека не ни знаат од каде доаѓа загадувањето, но дека во близина нема индустриски капацитет да испушти отпадни води.

    Цветанка Ристевска, советник за односи со јавност во општина Битола, вели дека точно сознание од што е бела водата немаат, па ќе земат примероци и ќе се направат дополнителни анализи во координација со Центарот за јавно здравје.

    Инаку според Локалниот еколошки план, кавлитетот на водата во реката Драгор е на ниво на колектор зашто во неа се влева и дел од канализацијата во населбата Довлеџик во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира