ПОЧИНА 19-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА ОД БИТОЛА КОЈА БЕШЕ СУСПЕКТНА НО НЕ И ТЕСТИРАНА НА КОРОНАВИРУС

    ПОЧИНА 19-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА ОД БИТОЛА КОЈА БЕШЕ СУСПЕКТНА НО НЕ И ТЕСТИРАНА НА КОРОНАВИРУСДевојката почина пред да биде земен брис и не е евидентирана во ковид позитивните починати оти посмртно брисеви не се земаат веќе една година. (Фото: СДК.МК)

    Почина најмладиот пациент во Ковид-центарот во Битола, 19-годишната пациентка од Битолско, која се водеше како суспектна на коронавирус, но не беше тестирана.

    „Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати“, вели директорката на Битолската болница Билјана Гагачовска.

    Постмортем брисеви не се земаат веќе една година, па починатата не е во евиденцијата на лица кои умреле од ковид-19. Девојката беше со Даунов синдром.

    Во Ковид-центраот во Битола хоспитализирани се вкупно 134 пациенти, за едно деноноќие примени се 23 лица, испишани 11, а починати двајца на 63 и 69 години.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира