ПОЧИНА ВЕЛЕШАНЕЦ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19, ЧЕТВРТ СЛУЧАЈ ЗА ПЕТ ДЕНА

    ПОЧИНА ВЕЛЕШАНЕЦ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19, ЧЕТВРТ СЛУЧАЈ ЗА ПЕТ ДЕНА70-годишниот болен подолго време било на респираторни апарати и почина на Инфективната клиника во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Велешанец на 70-годишна возраст почина ноќеска од КОВИД-19 на Клиничкиот центар во Скопје каде бил хоспитализиран, соопшти градоначалникот Аце Коцевски на прес-конференција. Лицето подолго време било на респираторни апарати. Ова е седми смртен случај на пациент од Велешко кој имал коронавирус, а четврт случај за пет дена.

    Со ова, од корнавирус во земјава има 96 починати, од вкупно дијагностицирани 1.723.

    „Во текот на изминатите 24 часа, во Велес регистрирани се два нови случаи на лица позитивни на КОВИД-19“, соопшти Центарот за јавно здравје Велес.

    Нив ги водат дека кластер е семејството. Во Велес како активни се водат 49 случаи, од досега заразените 111 лица.

    „Денес има три оздравени, од кои еден бил на лекување на Инфективното одделение. Таму се хоспитализирани 21 пациентод кои еден чека резултати по извршеното тестирање, а лежи поради симптомите кои ги има. Три пациенти поради влошената состојба, двајца вчера и еден денес, се пренесени на Инфективната клиника во Скопје“, соопшти Велешката болница.

    Градоначалникот Коцевски кажа дека хотелот Монтенегро крај Велес е повторно во функција како државен карантин. Таму престојувале 80 македонски државјани кои деновиве се вратиле од странство а во објектот ќе бидат следните 15 дена.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира