ПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ЕСЕНИНОВА ОД СКОПСКА КИСЕЛА ВОДА КОН АЕРОДРОМ, ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЛЕТОВО

    ПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ЕСЕНИНОВА ОД СКОПСКА КИСЕЛА ВОДА КОН АЕРОДРОМ, ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЛЕТОВОУлицата почнува од Кисела Вода кај „Рампа“, покрај пругата кон амбулантата „Пролет“ и ќе излегува на булеварот Трета македонска бригада.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје почна со асфалтирање на првиот дел од новата улица Есенинова со која ќе се поврзат населбите Кисела Вода и Аеродром. Асфалт се поставува на делот кој минува во населбата Кисела Вода. Како што велат од Град Скопје поголем дел од трасата е пробиен, а улицата очекуваат целосно да биде готова летово.

    „Останува да се пробие делот во Општина Аеродром и да се преместат постојните резервоари кои се наоѓаат на трасата. Летово скопјани ќе имаат нова сообраќајница со која ќе се намали гужвата, ќе се скрати кружењето кај ‘Тутунски комбинат‘ и за десетина минути ќе се намали времето за минување на оваа делница“, велат од Град Скопје.

    Новата улица ќе биде во должина од 730 метри, почнува од Кисела Вода кај „Рампа“ потоа минува покрај пругата кон амбулантата „Пролет“ и ќе излегува на булеварот Трета македонска бригада во Општина Аеродром. Ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада.

    Изградбата на улицата чини околу 71.000.000 денари со вклучен ДДВ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира