ПОЧНА СЕЗОНАТА НА КАПЕЊЕ ВО ОХРИД, ОХРИЃАНИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕГА ПЛИВААТ НА МИР ПРЕД ЛЕТНАТА ИНВАЗИЈА НА ТУРИСТИ

    ПОЧНА СЕЗОНАТА НА КАПЕЊЕ ВО ОХРИД, ОХРИЃАНИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕГА ПЛИВААТ НА МИР ПРЕД ЛЕТНАТА ИНВАЗИЈА НА ТУРИСТИСега на мир се капеме, сега е најмирно и најчисто, ни рече еден охриѓанец (Фото: СДК.МК)

    Охрид е полн за велигденските празници, а дел од туристите ја почнаа и сезоната за капење на околните плажи.

    Најбројни се туристите од соседните држави, главно од Србија, но и домашни туристи пристигнаа во Охрид за да ги прослават велигденските и првомајските празници. Помали групи туристи има и од Словенија, Турција и Полска.

    „Овде е рај, би сакале да се преселиме ако имаме можност. По три дена во Скопје, дојдовме во Охрид и навистина сме пријатно изненадени“, ни рече двојка од Колорадо, Америка, која е на патуавње низ Македонија..

    Охриѓани и туристите го поминаа велигденскиот ден на излет најмногу на плажите во Горица и Свети Стефан, по дождливото време за викендов.

    „Сега на мир се капеме, пред да се создаде метеж летово, пред инвазијата на туристи. Се шегувам, сега е најмирно и најчисто#, ни рече еден охриѓанец.

    За продолжениот празничен викенд претежно се наполни приватното сместување, а голем дел од посетителите имаат и свои станови. Од Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) велат дека хотелите на охридско-струшката ривиера останаа со половична исполнетост.

    М. ЏАРОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира