ПОДДРЖАН ОД ДУИ И ЛЕВИЦА, АКТЕРОТ ЗОРАН ЉУТКОВ ОД ВМРО-ДПМНЕ СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ВЕЛЕС

    ПОДДРЖАН ОД ДУИ И ЛЕВИЦА, АКТЕРОТ ЗОРАН ЉУТКОВ ОД ВМРО-ДПМНЕ СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ВЕЛЕСЉутков беше носител на листата за советници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: СДК.МК)

    Актерот Зоран Љутков, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Советот на Општина Велес, откако денес на седница го изгласаа советниците на неговата партија подржани од ДУИ и Левица. ВМРО-ДПМНЕ има 11 советници, еден помалку од потребното мнозинство, додека со ДУИ со еден и Левица со три, имаат 15 советници, а СДСМ има осум. На седницата присуствуваа 22 советници.

    „Често зборуваме дека ќе работиме чесно, транспарентно во интерес на граѓаните. Со самото тоа што сме се нафатиле да го работиме ова, се подразбира дека ќе работиме чесно и транспарентно, во интерес на граѓаните. Очекувам дека во наредните четири години, одлуките ќе ги носиме со 23 гласа ‘за’“, кажа Љутков, кој беше носител на листата за советници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

    Советникот на ДУИ Невзат Муаремовски не даде изјава туку даде претседателот на огранокот на ДУИ за Велес Салија Локман.

    „Нема да коалицирање со никого, ќе делуваме самостојно. Ќе ги поддржуваме проектите кои се во интерес на граѓаните. Било која партија да предложи нешто добро, ние ќе поддржиме“ , кажа Локман.

    Од Левица со став дека нема коалицирање со никого, нема формална коалиција со ниту една партија која е дел од Советот.

    „Ќе ја поддржиме ВМРО-ДПМНЕ која победи на локално ниво во изборот на претседател на Советот и некои значајни проекти, а за возврат поддршка на шест наши проекти“, рече Игор Смилев, советник од Левица.

    Новите 22 советници на конститутивната седница дадоа свечена заклетва, а документот, свечената изјава, како и уверението, кои ги добија беше со уставното име на државата Република Северна Македонија.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира