ПОЛИЦИЈАТА ФАТИ НЕИСПРАВЕН АВТОБУС КОЈ ПРЕВЕЗУВАЛ ДЕЦА ОД ПРИЛЕП НА ПОПОВА ШАПКА

    ПОЛИЦИЈАТА ФАТИ НЕИСПРАВЕН АВТОБУС КОЈ ПРЕВЕЗУВАЛ ДЕЦА ОД ПРИЛЕП НА ПОПОВА ШАПКАУчениците во моментов се на неколкудневна екскурзија на Шапка, а автобускиот превозник додека не го поправи автобусот, не смее да излезе од гаражата во Тетово каде што е сега. - Деца скијаат на Попова Шапка (Фото: З. Андонов)

    Тетовската полиција во редовните контроли кои ги врши врз возилата кои превезуваат патници отстранила од сообраќај автобус кој бил технички неисправен, а превезувал ученици на екскурзија на Попова Шапка.

    Учениците во моментов се на неколкудневна екскурзија на Шапка, а автобускиот превозник додека не го поправи автобусот, не смее да излезе од гаражата во Тетово каде што е сега. Или, за враќање да си најде друг исправен автобус, велат од МВР.

    „Вчера околу 14 часот и 30 минути, на улица ‘Маршал Тито’ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, запреле автобус со прилепски регистарски ознаки, а кој превезувал ученици од Прилеп на екскурзија на Попова Шапка. Кај автобусот, кој веднаш бил испратен на технички преглед, констатирани се технички неисправности, по што бил исклучен од сообраќај. Против возачот на автобусот, правното и неговото одговорно лице ќе бидат изготвени, односно ќе следуваат соодветни поднесоци“, кажа Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира