ПОЛИЦИЈАТА ВЕЌЕ НЕМА ДА ЈА ЧУВА РИБАТА НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ, КОНЦЕСИЈАТА ЈА ДОБИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА РИБОЛОВЦИ „БАБУНА“

    ПОЛИЦИЈАТА ВЕЌЕ НЕМА ДА ЈА ЧУВА РИБАТА НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ, КОНЦЕСИЈАТА ЈА ДОБИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА РИБОЛОВЦИ „БАБУНА“На повторениот конкурс годинава, концесијата за рибниот фонд ја доби најстарото велешко риболовно друштво, и тоа во период од следните шест години. (Фото: СДК.МК)

    Откако рибниот фонд на велешкото езеро Младост две години беше без концесионер, од неодамна здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес ја доби концесијата. Во август 2018 истече концесијата на претходниот корисник, по што Министерството за земјоделие и водостопанство, лани распиша конкурс, кој беше неуспешен. На повторениот годинава, концесијата за рибниот фонд ја доби најстарото велешко риболовно друштво, и тоа во период од следните шест години.

    „Со концесијата имаме обврска да се грижиме и со порибување да го обновуваме рибниот фонд. Но и еколошка обврска, зачувување на квалитетот на водата. Потоа треба да водиме грижа, да контролираме да нема ловење со мрежи, да нема криволов“, рече Даниел Наумовски, член на претседателството на ЗСР „Бабуна“.

    Понудениот услов со кој ја добија концесијата, бил 11 отсто од секоја издадена риболовна дозвола, да вложат во грижата за рибниот фонд, преку порибување, како и вработување на уште еден рибочувар. Изминатиот период, кога немаше концесионер, рибата на езеро Младост ја чуваше од криволов, полицијата.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира