ПОЛОВИНА БИТОЛА, КАКО И ДЕЛОВИ ОД ОПШТИНИТЕ НОВАЦИ И МОГИЛА БЕЗ ВОДА, ПРИВАТНА ФИРМА СКИНА ЕДНА ОД ГЛАВНИТЕ ВОДОВОДНИ ЦЕВКИ

    ПОЛОВИНА БИТОЛА, КАКО И ДЕЛОВИ ОД ОПШТИНИТЕ НОВАЦИ И МОГИЛА БЕЗ ВОДА, ПРИВАТНА ФИРМА СКИНА ЕДНА ОД ГЛАВНИТЕ ВОДОВОДНИ ЦЕВКИЗа да се отстрани дефектот водата се испушта од хидрантите во центарот на градот - (Фото: СДК.МК)

    Половина Битола сосе централното подрачје, како и делови од соседните општини Новаци и Могила се без вода откако при интервенција на инфраструктура на улицата ,,Стив Наумов” приватна фирма скина една од главните водоводни артерии на градот. Без вода се пониските населби од градот.

    Директорот на Јавното претпријатие,,Водовод” Пеце Милевски за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека дефектот не е предизвикан од нивна страна. Тој вели дека екипите се на терен и работа за да се создадат услови за отстранување на дефектот. Домаќинствата вода можат да очекуваат вода доцна во ноќта.

    ,,Прекината е голема цевка Ф 600. Го затворивме главниот резервоар Овчи Баир од каде со вода се снабдува ниската зона од градот. Тоа е направено со цел водата што е во системот да се испразни за да може да се санира дефектот. Потоа ќе го отвориме резервоарот за пак да се наполнат цевките и граѓаните да добијат вода”, рече Милевски.

    За да се испразни системот отворени се и хидранти на неколку места кај Центарот за култура и Библиотеката во строгиот центар на градот.

    Битолски Водовод испрати цистерна со питка вода низ населбите за да се снабдат граѓаните. Но, претпријатието располага само со една цистерна која е малку за да се снабдат сите населени места кои се без водоснабдување.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА 

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира