ПОНИШТЕН КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА РЕКТОР НА ТЕТОВСКИОТ ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ

    ПОНИШТЕН КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА РЕКТОР НА ТЕТОВСКИОТ ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТОд Универзитетот велат дека ова е да се избегнат притисоци и задкулисни игри околу престојниот избор на нов ректор. (Фото: СДК.МК)

    Сенатот на Универзитетот во Тетово на својата последна седница одржана вчера, донела одлука да го поништи распишаниот јавен оглас за избор на нов ректор на оваа високообразовна институција и да распише нов оглас за избор. Ова го прават, како што велат, за да се избегнат притисоци и задкулисни игри околу престојниот избор на нов ректор.

    „Сенатот на Универзитетот во Тетово на ден 29.5.2023 г. одржа седница и донесе одлука за поништување на јавниот оглас за избор на ректор, објавен на 18.5.2023 г. и донесе одлука за објавување нов оглас за избор на ректор на Универзитетот во Тетово за мандатниот период 2023-2026 г. Причините поради кои се донесе таква одлука се единствено поради фактот постапката за избор на ректор да се врши без притисоци од јавноста и други трети страни поради кои се нарушува институционалниот интегритет на Универзитетот и се остава простор за заткулисни намери. Иако, Сенатот има и уставно и законско и статутарно право на автономија во донесувањето одлуки во однос на изборот на ректорот, во случајов тоа е јасно утврдено со членот 9 став 4 од Законот за високото образование и членот 9 став 4 од Статутот на Универзитетот во Тетово, поради погоре нотираната причина, беше одлучено критериумите кои ќе бидат содржани во новиот јавен оглас да бидат единствено оние кои се дословно цитирани во Законот.
    Понатамошната постапка за избор на ректор ќе ја спроведува Универзитетската изборна комисија, која е формирана од страна на Сенатот на Универзитетот. Одделение за протокол и односи со јавноста Универзитет во Тетово“, се вели во соопштението.

    Ректор на Државниот универзитет во Тетово е проф. д-р Куштрим Ахмети. Тој како в. д. ректор на Универзитетот е назначен уште во 2022.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира