ПОРАДИ СУДСКА ОДЛУКА ШЕСТ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ОД ЗДРАВСТВЕН ДОМ БИТОЛА ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА

    ПОРАДИ СУДСКА ОДЛУКА ШЕСТ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ОД ЗДРАВСТВЕН ДОМ БИТОЛА ОСТАНАА БЕЗ РАБОТАМинистерот Венко Филипче кажа дека сестрите се отпуштени поради судски процес во однос на процесот на вработување. (Фото: СДК.МК)

    Шест медицински сестри ангажирани на неопределено време во Здравствен дом во Битола останаа без работа, по донесена судска одлука за процес кој бил покренат за административни процедури околу вработувањето.

    „Сестрите се отпуштени поради судски процес во однос на процесот на вработување. Тоа не е волја на директорката на Здравствениот дом. Имало еден подолготраен судски процес поради административни процедури“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

    Огласот бил објавен на 30 октомври 2018, а на 5 февруари 2019 година медицинските сестри потпишале договори за работа. Следувал судски процес, за кој Апелациониот суд донел одлука на 16 јули годинава, а била спроведена летово по завршувањето на вонредната состојба кога бил поништен изборот на кадидатите по конкурсот.

    Од Здравствениот дом во Битола рекоа дека медицинските сестри не остануваат без работа по нивно барање, туку поради судска одлука.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира