ПОРТЕТОТ НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ЕКСПРЕСНО ПОСТАВЕН ВО ГРАД СКОПЈЕ

    ПОРТЕТОТ НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ЕКСПРЕСНО ПОСТАВЕН ВО ГРАД СКОПЈЕПортретот од Коце Трајановски, кој градоначалник на Скопје беше во два мандати, од 2009 до 2017, сега е додаден до неговиот претходник, поранешниот градоначалник Трифун Костовски, но недостига плочка со името и годините на службувањето во Градот (Фото: СДК.МК)

    Фотографија на ексградоначалникот на Скопје Коце Трајановски експресно е поставена во во просториите на Градот, откако на 5 февруари САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека нема негова слика во низата портрети од сите досегашни градоначалници.

    Во салата за состаноци во бараките на Градското собрание, која се наоѓа веднаш до кабинетот на градоначаникот, поставени се портрети на сите градоначалници кои од 1941 година до сега ја извршувале функцијата.

    Портретот од Коце Трајановски, кој градоначалник на Скопје беше во два мандати, од 2009 до 2017, сега е додаден до неговиот претходник, поранешниот градоначалник Трифун Костовски. Сепак, на портретот недостига плочка со името на Трајановски и годините на службувањето во Градот.

    Во салата за состаноци во бараките на Градското собрание, која се наоѓа веднаш до кабинетот на градоначаникот, поставени се портрети на сите градоначалници кои од 1941 година до сега ја извршувале функцијата (Фото: СДК.МК)

    Петре Шилегов ја презеде функцијата градоначалник на Град Скопје од Коце Трајановски во 25 октомври 2017. На локалните избори кои се одrжаа на 15 октомври, Шилегов со 141,119 гласови во првиот круг го победи Трајановски, кој имаше 101,464 гласови.

    Дека недостига фотографијата на Трајановски забележавме на прес-конференцијата на Шилегов по повод 100 дена по преземањето на функцијата. Шилегов тогаш рече дека чекал Трајановски да му прати слика, а ексградоначалникот рече дека тој воопшто не му се ни јавил за такво нешто.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира