ПОРТРЕТИТЕ НА СИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОВЕТОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОПШТИНА ШТИП СЕ ВО ХОЛОТ КАЈ ГЛАВНАТА СОБРАНИСКА САЛА

    ПОРТРЕТИТЕ НА СИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОВЕТОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОПШТИНА ШТИП СЕ ВО ХОЛОТ КАЈ ГЛАВНАТА СОБРАНИСКА САЛАПо традиција, новиот градоначалник да ја поставува сликата на претходникот, па Иван Јорданов го постави портретот на Сашко Николов. (Фото: СДК.МК)

    Сликите со портрети на сите досегашни 14 градоначалици и на тринаесетте претседатели на Советот, како и на сите претседатели на Општина Штип од 1945 до 1991, се ставени на главниот ѕид од холот кај големата општинска сала каде се одржуваат седниците на Советот, но и голем број други трибини и манифестации што ги организира локалната самоуправа.

    Во оваа видна и мошне ценета галерија на фотопортретите на досегашните раковидители на градот недостасуваат само сликите на сегашниот градоначалник Иван Јорданов и на претседателката на Советот Весна Кожинкова, чии слики по традиција ќе бидат поставени кога ќе им заврши мандатот и обично ги поставува новиот градоначалник.

    Општина Штип ги почитува и претседателите од 1945 до 1991 и нивните слики се во општинската галерија на ѕидовите кај големата општинска сала. (Фото: СДК.МК)

    Јорданов на почетокот на мандатот ги постави сликите на неговиот претходник Сашко Николов, кој беше градоначалник неколку месеци, и на претходниот претседател на Советот Маријана Рогожарска-Поповска. Само две личности имаат по две слики, како градоначалник и претседател на Советот, а тоа се Илчо Захариев кој беше градоначалник од 2913-2017, а претседател на Советот во 2005-2006, и Јане Миланов кој градоначалник беше неколку месеци во 2020, а претходно претседател на Советот. Ниту една личност на ѕидот на градоначалници ја нема два пати затоа што досега не се случило некој градоначалник да имал два мандата.

    На ѕидот за претседатели на чело е првиот претседател на Општина Штип Боро Радев, со мандат од 1945 до 1947, па Лазар Кокошкаров од 1947-1951, Асан Ќерим од 1951 до 1954 и последен на претседателска листа од 16 лица од кои некои биле и со скратени мандати од две години, а некои и со продолжен мандат од 5 години, како што е последниот Методи Милев од 1986 до 1991. Во преодниот период при преминот од претседатели во градоначалници на чело на градот е Трајчо Спасов, прв градоначалник на Штип е Томо Миташев, а по него следуваат Димитар Кокошкаров, Панде Сарев, Зоран Алексов, Илчо Захариев, Благој Бочварски, Јане Миланов и Сашко Николов.

    За разлика од Општина Штип, скопската градоначалничка Данела Арсовска ги тргна портретите на досегашните градоначалници на Скопје кои над 20 години стоеја во салата за состаноци до нејзиниот кабинет и ги постави над вецињата, во ходник каде што таа не поминува.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира