ПОСКАПЕ ПАРКИНГОТ КАЈ „БЕКО“, ПРВИОТ ЧАС ЌЕ БИДЕ 100 ДЕНАРИ, СЕКОЈ НАРЕДЕН ПО 50

    ПОСКАПЕ ПАРКИНГОТ КАЈ „БЕКО“, ПРВИОТ ЧАС ЌЕ БИДЕ 100 ДЕНАРИ, СЕКОЈ НАРЕДЕН ПО 50Од ЈП „Градски паркинг“ велат дека поскапувањето е да се намали метежот во овој дел и да се натераат граѓаните да паркираат во катната гаража „Беко“ која е отспротива.(Фото:СДК.МК)

    Паркингот спроти поранешно „Беко“ со кој стопанисува ЈП „Градски паркинг“ поскапе. Отсега првиот час ќе биде 100 денари, а секој нареден по 50. Досега паркирањето чинеше 50 денари за еден час.

    Директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски вели дека поскапувањето е да се намали метежот во овој дел и да се натераат граѓаните да паркираат во катната гаража „Беко“ која е отспротива.

    „Овој паркинг го изедначуваме со оној на улица Максим Горки. Бидејќи станува збор за строг центар на градот, а има многу гужва ја донесовме оваа нова цена. Со тоа сакаме граѓаните да ги насочиме да се паркираат во катната гаража каде еден час е 30 денари“, вели Јакимовски.

    Лани во декември за пет денари поскапеа сите зонски паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“. Еден час паркирање во зона А наместо 45 чини 50 денари, во зона Б наместо 35 е 40 денари, додека во зоните Ц и Д од 25 поскапе на 30 денари. Нова цена имаат и месечните паркинг карти во катните гаражи за вработени и фирми кои гравитираат околу паркингот. Наместо 1.000 денари,  цената од декември лани е 2.000 денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира