ПОСЛЕ ПОЖАРОТ СМЕСТЕНИ СМЕ КАЈ ДРУГИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, ЗА ПОНАТАМУ ЌЕ ВИДИМЕ, ВЕЛАТ ОД „УЛИЦИ И ПАТИШТА“

    ПОСЛЕ ПОЖАРОТ СМЕСТЕНИ СМЕ КАЈ ДРУГИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, ЗА ПОНАТАМУ ЌЕ ВИДИМЕ, ВЕЛАТ ОД „УЛИЦИ И ПАТИШТА“Пожарот во бараките на „Улици и патишта“ изби ноќта на 22 декември. (Фото: К. Попов)

    Вработените во ЈП „Улици и патишта“ во Скопје работат во простории на другите јавни градски претпријатија откако пред три недели во пожар изгореа бараките. Директорот Борис Настов вели дека административните работници веднаш продолжиле со работа во канцелации на „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.

    „Сега засега вака ќе работиме, а како понатаму дополнително ќе се одлучи. Ги имаме минимално неопходните услови за да можат да се тераат сите постапки и набавки. Се чека официјалниот извештај на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за причините на пожарот, како и проценка колкава штета е направена“, вели Настов.

    Тој вели дека во пожарот не се изгорени важни документи, бидејќи сите податоци и извештаи ги имаат во електронска форма.

    „Сите тековни работи си течат, зимската служба е во своите пунктови и нема да има никакви пречки и проблеми доколку заврне снег“, додава Настов.

    Пожарот во бараките на „Улици и патишта“, кои се наоѓаат зад трговскит центар „Буњаковец“ во сцентарот на Скопје, изби ноќта на 22 декември. Целосно се уништени просториите на претпријатието, бидејќи огнот со голема брзина се проширил, а изгоре и колата на поранешниот специјален обвинител Гаврил Бубевски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира