Денеска попладне изби пожар во шума на место Погана помеѓу Гевгелија и Богданци. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека и покрај интервенцијата на пожарникарите од Гевгелија и Богданци, поради ветер непристапниот теренот и густа трнеста вегетација пожарот се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, а и селото Ѓавото.
„Поради временски услови и краток временски интервежал на дејствување армискиот хеликоптерот нема да полета денес туку утре изутрина во 5 часот. Според последните информации, пожарот се движи кон куќите во село Ѓавото“, соопшти ЦУК.
Вечерва од удар на гром избија неколку пожари. Во Куманово гори сува трева и бор. Во Кичево кај селото Туин гори сува трева и нискостеблеста шума, а во Велес помаѓу селата Голозинци и Лисиче исто така од удар на гром гори сува трева и нискостеблеста шума. Од ЦУК велат дека екипите се излезени на терен и интервенираат за гаснење.