ПОЖАР ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР ГЛОБАЛ ВО СТРУМИЦА, ГОРАТ ПОВЕЌЕ ДУЌАНИ НА ПРИЗЕМЈЕ

    ПОЖАР ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР ГЛОБАЛ ВО СТРУМИЦА, ГОРАТ ПОВЕЌЕ ДУЌАНИ НА ПРИЗЕМЈЕСе очекува да интервенираат и екипи од противпожарните единици од околните градови. (Фото: СДК.МК)

    Ноќва пред полноќ избувна пожар во ГТЦ Глобал во Струмица. Зафатени се неколку дуќани на приземјето со разновидна стока. На терен се екипи на ТППЕ Струмица кои со повеќе возила интервенираат за да го локализираат пожарот кој зафати најмалку 4 дуќани. Пожарот се заканува да се прошири и по останатите објекти, но и во средишниот дел на Глобал каде се нaоѓаат и тезги со зеленчук и овошје, но и обувки.

    Засега не се знаат причините како настанал пожарот. Сообраќајот во центарот на Струмица од страна на полицијата е прекинат за да може да интервенираат противпожарните единици. Се очекува да интервенираат и екипи од противпожарните единици од околните градови.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира