ПОЖАРОТ ВО СКОПСКО БАРДОВЦИ Е ЛОКАЛИЗИРАН, НЕМА ОПАСНОСТ ЗА КУЌИТЕ, ВЕЛАТ ОД ПРОТИВПОЖАРНАТА БРИГАДА

    ПОЖАРОТ ВО СКОПСКО БАРДОВЦИ Е ЛОКАЛИЗИРАН, НЕМА ОПАСНОСТ ЗА КУЌИТЕ, ВЕЛАТ ОД ПРОТИВПОЖАРНАТА БРИГАДАПратеникот Влатко Ѓорчев кој живее во Бардовци го гасеше пожарот за да не се прошири кон неговата куќа.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Пожарот кој попладнево избувна во скопско Бардовци е локализиран и нема опасност да ги зафати куќите, велат од Бригадата за противпожарна заштита.

    Попладнево во Бардовци се запали сува трева, по што чадот се чувствуваше до Карпош и Центар. На терен веднаш интервенираа екипи од скопската Пожарна. При интервенцијата еден пожарникар е повреден односно вдишал чад. Во гаснењето на пожарот се вклучија и локалните жители.

    „Нема никаква опасност за населението и имотот во Бардовци. Пожарот е комплетно локализиран, екипи се на терен. Пожарникот кој вдиша чад при интервенцијата е во добра здравствена состојба“, вели Владимир Симоновски командант на Противпожарната бригада на Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира