ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ, МИНИСТЕРОТ ПЕРИНСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ПРАТЕНИЦИ ДОЈДОА НА ПУШАЊЕТО КИЛОМЕТАР И ПОЛ СЕЛСКИ ПАТ КАЈ ПАЛАТИЦА, ТЕТОВСКО

    ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ, МИНИСТЕРОТ ПЕРИНСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ПРАТЕНИЦИ ДОЈДОА НА ПУШАЊЕТО КИЛОМЕТАР И ПОЛ СЕЛСКИ ПАТ КАЈ ПАЛАТИЦА, ТЕТОВСКОГрадоначалникот на Општина Желино рече дека жителите на Палатица повеќе децении чекале конечно да биде изграден овој пат кој го спојува селото со Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Во присуство на премиерот Христијан Мицковски, министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалниците на Општините Желино и Тетово и неколку пратеници во Собранието од Тетовскиот Регион, во тетовското село Желино на свечен начин е пуштен во употреба асфалтиран селски пат долг еден и пол километар. Градоначалникот на Општина Желино рече дека жителите на Палатица повеќе децении чекале конечно да биде изграден овој пат кој го спојува селото со Тетово.

    „По повеќе од 40 години чекање го почнавме и ја завршивме изградбата на патот Палатица-Тетово. Ова не е само пат, ова е враќање на достоинството на граѓаните кои со децении чекале. Ова е исполнување на дадено ветување преку конкретна работа. Проектот опфаќа 1,5 километри должина, 5 метри широчина асфалт и банкини, 500 метри потпорен ѕид и мост од 11 метри. Во Палатица, но и во секое населено место во Општина Желино се работи како никогаш до сега“, изјави градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдиу.

    Во изградбата на овој пат инвестирани се 27 милиони денари (над 430.000 евра) од кои 20 милиони се средства обезбедени од Владата, а 7 се од буџетот на Општина Желино.

    И овојпат беше запазена традицијата кога се пушта во употреба една сообраќајница, присутните да се засладат со домашна баклава и татлии од село Палатица.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира