ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ НАЈАВИЈА ПРОТЕСТЕН МАРШ БИДЕЈЌИ ДРЖАВАТА ИМ ГИ ИГНОРИРА БАРАЊАТА

    ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ НАЈАВИЈА ПРОТЕСТЕН МАРШ БИДЕЈЌИ ДРЖАВАТА ИМ ГИ ИГНОРИРА БАРАЊАТАИмаме доставено неколку барања до Фондот и до Министерството за здравство, круцијални за опстанокот на приватните доктори“, вели д-р Лили Дервишова-Чолакова (Фото: СДК.МК)

    Здружението на приватни лекари, поддржано од сите координатори по региони, донесе одлука да се организира протестен марш во бели мантили. Во него ќе бидат вклучени докторите од примарното и од секундарното приватно здравство. Причина бил игнорантскиот однос на Фондот за здравство и на Министерството за здравство кон барањата на приватните лекари.

    „Донесена е одлука да се организира протестен марш, но немаме датум. Чекаме поддршка и од Лекарската комора. Проблемите се сериозни, имаме доставено неколку барања до Фондот и до Министерството, кои се клучни за опстанокот на приватните доктори. Едно од нив се боледувањата на докторите. Проблемот на колешката Виолета од Виница сѐ уште не е решен. Овој проблем може да се случи на кој било доктор, бидејќи медицински сестри нема. Тоа што министерот Филипче кажа дека ги има илјада, тие се само на хартија на Агенцијата за вработување, во пракса ги нема, си одат од државата“, изјави д-р Лили Дервишова-Чолакова, претседателката на Здружението на приватни лекари, кое брои 1.533 членови.

    Протестниот марш би започнал пред Лекарската комора, па би продолжил кон Министерството за здравство.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира