ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ГИ ПАРКИРАА АВТОБУСИТЕ ПРЕД „МАВРОВКА“ И ГО БЛОКИРАА СКОПЈЕ

    ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ГИ ПАРКИРАА АВТОБУСИТЕ ПРЕД „МАВРОВКА“ И ГО БЛОКИРАА СКОПЈЕВозачите велат дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови на повеќе крстосници, се` додека не се седне на маса и не се реши проблемот кој го предизвика градоначалничката Арсовска.(Фото: К. Попов)

    Приватните превозници утрово ја блокираа крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје. Велат дека го блокираат градот бидејќи градоначалничката Данела Арсовска  не им го плаќа долгот од 1,5 милион евра, ги остави без леб нивните семејства, нема слух за нив, шири лаги и го доведе јавниот превоз во колапс. Најавија дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови на повеќе крстосници, се` додека не се седне на маса и не се реши проблемот кој го предизвика Арсовска.

    Приватните автобуси престанаа да возат бидејќи ЈСП и Град Скопје не им исплаќаат пари за тоа што возат секој ден. Според договорот на приватниците со Градот, тие треба да добиваат по едно евро за секој изминат километар. Но, овој договор градските власти не го почитуваат и три месеци не им се префрлени пари на превозниците со што вкупниот долг е 1,5 милион евра.

    Тие велат дека не можат да возат оти немаат пари за да стават гориво, а се сомневаат дека Градот сака да ги исклучи од јавниот превоз за да влезе друга фирма од соседството блиска до раководството на Градот.

    Приватните превозници во јавниот превоз учествуваат со над 200 автобуси.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира