ПРОФЕСОРИТЕ ОД ТЕТОВСКАТА ГИМНАЗИЈА ШТРАЈКУВААТ ПОРАДИ ОДЛУКАТА ДА СЕ РАБОТИ ВО ТРИ СМЕНИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОФЕСОРИТЕ ОД ТЕТОВСКАТА ГИМНАЗИЈА ШТРАЈКУВААТ ПОРАДИ ОДЛУКАТА ДА СЕ РАБОТИ ВО ТРИ СМЕНИ

    Професорите од гимназијата во Тетово од денеска се излезени на штрајк, како последица на одлуката на управата на гимназијата, која соопшти дека од 07.09.2016 (утре), наставата ќе се држи на три смени со нов распоред.

    Професорите, зачудени од оваа одлука, протестираат и ја бојкотираат наставата. Тие велат дека досега никогаш немало одлука за настава во три смени, и, според нив, тоа е нешто без смисол.

    На почетокот на учебната година, тетовските гимназијалци, кои наставата ја следат на македонски јазик, излегоа на протест пред зградата на Општина Тетово за го искажат својот револт, барајќи конечно да се изгради нов објект во кој тие нормално би ја следеле наставата. Изминатата учебна година тие наставата ја посетуваа во објектите на Работничкиот универзитет и основното училиште Гоце Делчев, каде немаа елементарни услови за следење на наставата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира