ПРОФЕСОРКА ОД ВЕЛЕС ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, ДЕСЕТ НЕЈЗИНИ КОЛЕГИ ВО ИЗОЛАЦИЈА

    ПРОФЕСОРКА ОД ВЕЛЕС ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, ДЕСЕТ НЕЈЗИНИ КОЛЕГИ ВО ИЗОЛАЦИЈАПрофесорката од основното училиште „Васил Главинов“ не можела да каже од каде се заразила, десет лица од училиштето се испратени во изолација, како и нејзиното семејство. (Фото: СДК.МК)

    Професорка од основно училиште во Велес е позитивен на ковид-19. Резултатот на професорката од основното училиште „Васил Главинов“ вчера бил пристигнат во Центарот за јавно здравје Велес. Сите нејзини контакти се испратени во изолација.

    „Според епидемиолошката анкета, таа не можеше да каже од каде се заразила. Десет лица од училиштето се испратени во изолација, како и нејзиното семејство“, соопшти Центарот за јавно здравје Велес.

    Од училиштето велат дека работеле по протокол кој бил почитуван од вработените.

    „Се работи по две лица во кабинет, таков бил и случајот со колешката која е позитивна. Колегите кои се во изолација биле во краток контакт со неа низ училишните ходници, кога излегувала и доаѓала на работа“, вели директорот на училиштето Сашко Чоков.

    Од Центарот за јавно здравје велат дека вчера на 30-тина велешани им било врачено решение за изолација, оти имале контакт со некој од петмината нови случаи кои треба денес да бидат објавени дека се позитивни на ковид-19.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира