ПРОПАДНА МАШИНА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ

    ПРОПАДНА МАШИНА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕМашината одеднаш се превртела и огромна дупка се направила на плочникот, нема повредени. (Фото: СДК.МК)

    Машина за чистење пропадна утрово на Плоштадот Македонија во Скопје. Како што кажуваат работниците за САКАМДАКАЖАМ.МК, машината одеднаш се превртела и огромна дупка се направила на плочникот. За среќа, нема повредени.

    „Повикана е екипа на Министерството за внатрешни работи да изврши увид. Ова е резултат на неквалитетна изведба на плоштадот во времето на претходната власт во Градот. Не дај боже, може и граѓани да се повредат“, велат од Град Скопје.

    После еден час возилото беше извадено од дупката каде се наоѓаат инсталациите за фонтаната. (Фото: СДК.МК)

    После еден час машина беше извадена од дупката, а екипи на Градот го санираа плочникот под кој се наоѓаат инсталации за фонтаната.

    Ова не е првпат возило да пропадне на Плоштадот. Во јуни 2017, пропадна камион додека се подготвуваше бината за пречек на ракометарите на Вардар по освоената титула европски прваци.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира