ПРВООБВИНЕТИОТ ЗА ТЕРОРИЗАМ ВО „ДИВО НАСЕЉЕ“ ПРЕФРЛЕН ВО МАЛОЛЕТНИЧКИОТ ЗАТВОР ВО ОХРИД

a:3:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:11:"td_subtitle";s:274:"ОдОсновниотсудСкопје1кадештосеодржуваатрочиштатаза„Дивонасеље“ниизјавијадекабезбедноснитепроценкизаевентуалниризицигиправиМВР";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРВООБВИНЕТИОТ ЗА ТЕРОРИЗАМ ВО „ДИВО НАСЕЉЕ“ ПРЕФРЛЕН ВО МАЛОЛЕТНИЧКИОТ ЗАТВОР ВО ОХРИД

    Вооружени до заби, со полициски хеликоптер, кој вчера попладне слета на охридскиот аеродром ,беа донесени четворица од осомничените кои за случајот ,,Диво насеље“, обвителството ги гони за тероризам. Меѓу нив, според информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, бил и првообвинетиот од криминално-терористичката група која планирала напади на државни и на цивилни цели.

    Оперирање на хеликоптер од МВР од страна на Контрола на летање било најавено, а биле превземени основните активности во врска со безбедноста на воздушната пловидба. Од аеродромот Св.Апостол Павле припадници на специјалните единици со неколку возила ги транспортирале до охридскиот затвор. Попатно, на неколку локации биле распоредени нивни колеги.

    Сместен во строгиот центар на градот, во затворот во Охрид, како и во полициската станица лоцирана веднаш до оваа казнено поправна установа, подготвен е прв степен на безбедност. Вчера и во текот на ноќта, објектите од сите страни беа обезбедувани од специјалци.

    За кривичарите кои САКАМДАКАЖАМ.МК ги консултираше, нејасно е зошто Управата за извршување на санкции донела така ризична одлука криминалци кои се теретат за рушење на уставниот поредок на Македонија, од затворот во Прилеп, да се разместуваат во најодалечниот и најмал затвор кој згора на се е малолетнички затвор со капацитет од 35 лица во затворскиот дел и 18 лица во притворските одделенија. Таму лежат малолетни лица,кои имаат и по 14 години, а се сторители на кривични дела кои се однесуваат за неовластено производство и трговија со дроги и психотропни супстанци како и кражби.

    Од Основниот суд Скопје 1 каде што се одржуваат рочиштата за „Диво насеље“ ни изјавија дека безбедносните проценки за евентуални ризици ги прави МВР.

    Дискутабилно е и тоа што во охридската државна установа во која има притвореници со криминални дела за кои следува казна до 15 години, сега се носат обвинети на кои им се заканува дури и до доживотен затвор. За вака тешко дела, мерката притвор се одлежува искучиво во затворот во Идризово.

    Еминентните кривичари кои ги консултиравме,укажуваат дека иако притвореничкиот дел е обезбеден и одвоен од малолетничкиот затвор, управата и униформираните лица треба да бидат будни и да се држат до пропишаните уредби кои строго предвидуваат што може да им биде предадено на притворениците кои имаат право на посета два пати месечно.

    Храната во затворската кујна ја подготвуваат осудените малолетници кои лесно можат да паднат во искушение и за грам дрога иако теоретски нивниот контакт е речиси невозможен.

    Спектакуларното возење на четворица обвинети за тероризам среде бел ден ги вознемири охриѓани, кои никогаш не виделе толку припадници на специјалните единици во Охрид.

    Во современи земји тоа се прави на поинаков начин. Од безбедносен аспект, никој не сме да знае во кој затвор се носат осомничените за тешки дела како што се терористички напади.

     

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира