ПРВОТО БЕБЕ ВО ВЕЛЕС ВО 2021 СЕ РОДИ ДОМА НА 3 ЈАНУАРИ

    ПРВОТО БЕБЕ ВО ВЕЛЕС ВО 2021 СЕ РОДИ ДОМА НА 3 ЈАНУАРИМајката и бебето во Велешката болница се донесени од екипа на Итната помош. (Фото: СДК.МК)

    Првото бебе во Велес во новата 2021 година се роди синоќа во домашни услови околу 21,30 часот.

    „Првото бебе годинава е девојче, со тежина 2,98 кила и 58 см должина, родено е дома. Тоа е прва рожба на 23-годишната Симона Панова и таткото Љупчо Митров. Родителите уште немаа име за новороденчето“, кажа д-р Елеонора Јованова, портпаролка на Општа Болница Велес.

    Мајката и бебето во болница биле донесени од екипа на Итната помош.

    „Добивме телефонски повик за мајка која се породила во домашни услови. Лекарска екипа предводена од д-р Марјан Мишев беа во домот на мајката, дадена е потребната и неопходна лекарска нега и е префрлена на акушерското одделение од болницата“, рече д-р Васе Пановска, портпаролка на Здравствен дом Велес.

    Последниот ден на минатата 2020, на акушерско одделение се родени три бебиња, а во текот на годината се родиле 412 бебиња, од нив 202 машки, а 210 женски. Ова е за 61 бебе помалку во однос на 2019 кога се родени 473, во 2018 имало 505, во 2017 се 649 бебиња а во 2016 се 651 бебе. На ова одделение се породуваат родилки освен од Велес и од Чашка, Градско и Лозово, но и од Кавадарци, Неготино, Свети Николе.

    Последен пат првото бебе во Велешката болница родено на првиот ден од новата година беше во 2017.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира