ПУКНА АЗБЕСТНА ЦЕВКА И ПОПЛАВИ УЛИЦИ ВО БИТОЛА

    ПУКНА АЗБЕСТНА ЦЕВКА И ПОПЛАВИ УЛИЦИ ВО БИТОЛАСообраќајот се нормализираше откако по половина час беше сопрено истекувањето на водата (Фото: СДК.МК)

    Вода се излеа по улици во центарот на Битола откако пукна големата азбестна цевка. Таа течеше и по коловозот на една од најоптоварените улици, Димитар Илиевски-Мурато, која се пресекува со Широк Сокак кај хотелот „Епинал“, како и по околни улици.

    Од јавното претпријатие ,,Водовод” соопштија дека се работи за дефект на најголемата азбестна цевка, која минува низ улиците Ленинова, Кирил и Методиј и Стево Патако.

    ,,Наши екипи веднаш излегоа на терен и веќе се работи на отстранување на дефектот”, рече директорот Горан Козаров.

    Екипите на ,,Водовод” го запреа истекувањето на водата за помалку од половина час и на улиците се нормализираше сообраќајот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира